Ново рочиште за случајот „ТНТ“ и уривањето на „Космос“
Објавено во: Македонија 15 Август, 2019
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.
Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.