НОВО ЖАРИШТЕ: Гори во Баварија
Објавено во: Свет 09 Август, 2018
Во градот Розенхајм во југоисточниот дел на германската покраина Баварија попладнево е прогласена вонредна состојба, поради пожарот што веќе неколку часа гори во блискиот шумски предел, објави ДПА.
Во гаснењето на огнот се вклучени 135 пожарникари и 30 припадници на планинската спасувачка служба, на кои им помагаат четири хеликоптери.
Поради огнот властите ги затворија за движење туристичките патеки на блиската планина Шварценберг, што се наоѓа на германско-австриската граница.
Овие недели пожари имаше на границата на Шпанија и Португалија во Европа.На европско тло ова лето најголемите пожари беа во Грција.