20 Април, 2024
0.0257

Новогодишна донација на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите за училиштето за деца со пречки во развој „Д-р. Златан Сремец” Скопје

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Училиштето за деца со пречки во развој “Д-р. Златан Сремец” Скопје доби лап топ компјутери и крвни анализи за сите деца како новогодишна донација од БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите. Оваа година БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораторија одлучија средствата за маркетинг промотивни материјали да ги искористат таму каде што е најпотребна помош, на децата со посебни потреби од ПОУ „Д-р. Златан Сремец”.


Целта на компанијата беше да им помогне на децата, како и на наставниците – дефектолози при извршување на секојдневните едукативни процеси, како и олеснување на нивната секојдневна работа и запознавање со здравствената состојба.

Кога училиштата имаат лап-топ компјутери, на учениците имсе овозможува целосно да ги искористат предностите на интернетот и современата технологијата, што претставува особена поддршка во работата со деца со попречености, еден голем прозорец кон светот.


Крвната анализа ја прикажува основната здравствена состојба и може да детектира различни проблеми во секоја возраст.  Јас лично, мојата фамилија и вработените во Биотек, сме многу среќни што оваа година направивме нешто многу корисно за една мала но важна заедница. Нашата помош е упатена до 113 семејства чии членови се едуцираат во вашата хуманитарна заедница- изјави Анкица Синадинова Базерко, генерален менаџер на Биотек Лабораторија.

Во училиштето има 113 деца. Радоста за поклоните е голема, но уште поголема радост е добиеното внимание.

Директорката на ПОУ „Д-р. Златан Сремец” се заблагодари на БИОТЕК Solutions и БИОТЕК лабораториите што ги отвори вратите и покрена иницијатива за препознавање на потребата за донации на оние на кои им е најпотребна „Дека најмалиот чин на љубезност,  вреди повеќе од најголемата намера овој пат го докажаа Биотек  лабораторија.

Посебно ни е драго што Биотек  лабораторија го одбраа ПОУ“Д-р Златан Сремец“ за место каде што прв пат ќе ја покажат својата општествена одговорност кон лицата со попреченост.

Донацијата која се реализира во две насоки-обезбедување на бесплатни  лабораториски услуги за сите ученици на ПОУ“д-р Златан Сремец“ и опремување на дел од училниците со преносливи компјутери, претставува директна поддршка на учениците со попреченост, нивните семејства и вработените.


Бесплатните лабораториски услуги ќе може да ги искористи секој ученик од нашето училиште со цел зеднички да обезбедиме дополнителна можност  на семејствата  и  квалитетна здравствена грижа за нашите ученици.

Преносливите компјутери ќе најдат соодветна примена  и во голема мерка ќе го олеснат  реализирањето  на секојдневните активности на  учениците и на тој начин ќе овозможат услови за унапредување на квалитетот на воспитно- образовниот процес”.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција