Новогодишно изненадување од А1 Македонија
Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2020
- неверојатни 50 GB мобилен интернет за корисниците на А1 Neo M+
- ексклузивни смарт телефони по најповолни услови
- 20.000 денари попуст во А1 Combo за било кој тип уред со фиксен пакет A1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Neo M+
Во пресрет на новогодишните празници, кои оваа година се поинакви од секои досега, А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција за корисниците во сите сегменти, специјално креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти и секој поединец, за зголемено количество мобилен интернет, ексклузивни смарт телефони и дигитални уреди кои го олеснуваат секојдневието.
„Новата 2021 година ќе ја дочекаме на невообичаен начин, но тоа е повод плус да бидеме покреативни и да најдеме нови модели на забава за силно да посакаме здравје, среќа и радост во сите семејства. Со искрени желби да придонесеме за празничната атмосфера, креиравме специјална промоција со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат новата година со уште повеќе комуникација, можност да добијат атрактивни смартфони и уреди по најповолни услови, со многу повеќе содржини и услуги кои овозможуваат премиум корисничко искуство”, изјави Елена Панова, директорка на продажба маркетинг за приватни корисници од А1 Македонија.
А1 Македонија подготви новогодишно изненадување и за корисниците на А1 Combo со кое, покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, овозможува зголемен попуст за набавка на било кој тип на уред. Така, овие празници, покрај смарт телефон, корисниците ќе можат да изберат од богатата понуда на телевизори, лаптоп, таблети, итн. Попуст од 20 илјади денари добиваат корисниците кои ќе склучат договор на најпродаваната комбинација одфиксен пакет A1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Neo M+.