27 Септември, 2024
0.0280

Новопечените судии и обвинители, меѓу кои и блиски на политичари, веднаш ќе добијат вработување?

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Врховниот суд, од страна на Академијата за судии и јавни обвинители вчера свечено беа доделени дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит.

Сега се очекува брзо да станат дел од правосудниот систем, затоа што огласите з анивно вработување се веќе објавени. Најмногубројни успешни слушатели на Академијата, кои ќе делат правда, се ќерките, синовите и сопругите на сегашни и поранешни обвинители.

Дипломи земаа и идните обвинители, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, Албулена Абази, сопругата на актуелниот раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, сопругата на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски која ќе стане судијка и уште над педесет слушатели на Академијата чии имиња се поврзуваа со лица од политиката и правосудството.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески на денешниот настан на потпишување протокол за соработка на МВР и Јавното обвинителство порача да не се фрла сомнеж кон тие млади луѓе и откри дека огласите за нивно вработување се веќе објавени.

- Тие се уште не се избрани. Советот на јавни обвинители имаше распишан оглас. Јас немам податок кој се има јавено на овој оглас, а вчера разбрав дека и Судскиот совет објавил оглас за пополнување на упразнети места во судовите низ државата

Речиси 18 проценти од положените кандидати, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажа објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други