Добивај вести на Viber
На втори декември тргнуваат на работа уште 1600 административци. Лицата кои добија државна работа преку владиниот проект за вработување во „Македонски шуми’, веќе ги потпишуваат решенијата за вработување. Како што појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, само седумдесетина ќе останат на работа во „Македонски шуми“, додека останатите ќе се распределат по државните институциите.
„Комисијата која одлучуваше по жалбите фунционира во „Македонски шуми“ и прифати 113 жалби од страна на лица за кои се увидело дека согласно документите и податоците кои се добиени од страна на државните органи ги исполнуваат овие критериуми и тие се внесени во рамките на овие 1.600 лица. Во меѓувреме имаме отпус на 113 лица од таа листа, кој е направен по повеќе други основи“, информираше Ѓорѓиев.
80 лица, од тие што претходно ги исполниле условите како најдобро рангирани во меѓувреме се вработиле во приватниот или јавниот сектор и на тој начин го изгубиле правото да бидат вработени со владиниот проект, информираат надлежните.
„Од примените 80 во меѓувреме се вработиле, 23 од нив се пензионирал и десетмина кои самите се откажале, посочи Жарко Караџоски, директор на „Македонски шуми“.
„Се заокружува бројката од 113 лица кои се внесени во оваа листа и 113 лица кои се изземени“, заклучи Ѓорѓиев.