25 Април, 2024
0.0423

НУК бара помош од фирмите кои традиционално организираат предновогодишни забави

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Независната угостителска комора со денеѓното соопштение вели дека 20 милиони евра оваа Нова Година ќе останат непотрошени од компаниите за корпоративни празнични забави што ги организираат за своите вработени.

Затоа велат дека започнуваат со кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам за инвестиции и поддршка на угостителската индустрија, со која ќе ги поттикнат фирмите дел од својот планиран корпоративен буџет за предновогодишната забава да го пренаменат и да го инвестираат или донираат во угостителската индустрија или кај, како што наведуваат во соопштение,#МојотОмиленУгостител затоа што и тој #ЗаслужуваПоддршка.

-Денес македонскиот угостителски бизнис оставен на времето и сам на себе, навреден и деградиран, игнориран од државата и мерките за финансиска помош и поддршка од Владата, полека но сигурно ја губи битката со Ковид-19. Се повеќе угостители поради несоодветните и рестриктивни мерки на Владата за ограничување на работното време и посебните услови и протоколи за работа донесени по предлог на Комисија за заразни болести последните месеци не остваруваат доволно приходи, поради што генерираат енормни загуби и веќе не ја гледаат својата иднина во овој бизнис.Оставени сами на милост и немилост без конкретна и директна помош и поддршка што Владата можеше изминатите месеци да ја направи за нив, го чекаат денот кога ќе бидат доведени пред колапс и приморани трајно да ги затворат своите локали и да се откажат од своето минато, својот труд и својата иднина, тврди Здравко Јосифовски, претседателот на НУК.

Тој ги повикува фирмите кои традиционално своите предновогодишни прослави ги организираат кај одредени угостители, истите да ги поддржат и оваа година и да им помогнат, како што вели тој, на омилените угостителски објекти да опстанат оваа зима .

„Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител. Ги покануваат и сите останати фирми и индивидуалци кои можат и сакаат да се приклучат кон кампањата #ИнвестирамЗаДаПомогнам на #МојотОмиленУгостител и опстанокот на угостителската индустрија“, додава Јосифовски.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија