Нула сиромаштво: Секој трет жител на овој град е милионер
Објавено во: Финансии 26 Мај, 2019
Втората најмала држава во светот , Монако, со 38 300 жители е најгусто населена земја во светот, но и дом на 12 261 милионери.
Таа бројка, како што пишува Бизнис инсајдер, за само пет години скокнала 12 проценти, па сега секој трет кој живее во Монако поседува милион долари.
Стапката на сиромаштија во државата е еднаква на нула, а БДП по глава на жител е 165.420 долари.
Всушност, Монако е една од само четирите земји во светот во која БДП по жител надминува 100 000 долари.
Прв на таа листа е Лихтенштајн со 166 021 долари (но тој има и 80 пати поголема површина од Монако), втор е Монако, а ги следат Луксембург и Бермудите.
Од вкупниот број на жители дури 75 посто од нив се дојденци, односно постојани жители кои се родени надвор од таа држава.
Монако е дом и на една од најскапите улици во светот, Авенија на Принцезата Грејс која името го добила по актерката Грејс Кели, некогашна принцеза на Монако.
Освен што е исклучително скап, Монако е и безбеден. Се работи за еден од најсигурните градови во светот. Има еден полицаец на секои сто жители, па целиот град е покриен со постојан видео-надзор.