12 Октомври, 2024
0.0282

НУЛА ЗАПИШАНИ: Учениците бегаат од текстилниот сектор-ниските платите проблем!

Објавено во: Економија 04 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Се повеќе млади го избегнуваат текстилниот сектор. Ова тврдење овој пат е потврдено со факти. Во средно текстилно училиште нема ниту еден запишан ученик.

Тоа укажува на проблем со кој во иднина може да се соочи текстилството а дека младите нема да сакаат да работат во фабрики и конфекции покажаа и последните податоци на Статистика

Сепак текстилната индустрија не е единствена за која средношколците воопшто не се заинтересирани. Во оваа група спаѓаат и земјоделската, ветеринарната,  градежно геодетска, кожарска,  сообраќајна индустрија како и дрвопреработувачката.

Аналитичари на овој проблем велат дека причина за ваквиот однос на учениците кон овие сектори е ниското вреднување на овие занимања и ниските плати кои ги земаат вработените во овие индустрии.

Податоците на Државниот завод за статистика покажаа дека е мал бројот на оние кои се одлучуваат основното образование да го продолжат со о стручно образование, а експерите предлагаат ресорните министерства да се пренасочат кон повеќе практична отколку теоретска работа

ДЗС согласно најновите податоци за вработеност, забележува дека преработувачаката индистрија, трговијата и услужните дејности во моментов се соочуваат со недостиг на работници.

Најмногу слободни работни места има во секторите продажба и услужни дејности. Сепак не треба да не изненадува оваа бројка имајќи го предвид износот на примања кои овој сектор им ги дава на вработените.

Ако погледнете некој од огласите на Агенцијата за вработување забележувате дека платите кои се нудат во овој сектор се многу ниски. Работодавците даваат од 10 до 15 илјади денари примања за овие профили. Платата на готвачи во услужните дејности би се движела околу 14 илјади денари, додека нешто помал износ на примања би земале градежниците околу 12 илјади денари.

Далеку повисоки плати , според огласите може да се забележат во јавниот сектор, претпријатијата и администрацијата.

Платите во тие сектори се движат од 20 илајди па нагоре.

Стапката на невработеност, според ДЗС во второто тромесечие изнесувала 1,38 %, додека додека 231.386 се водат како невработени лица.

Просечна плата само за кредити и храна

Македонските граѓани со две плати имаат само за преживување. Со нето просечна плата од 22.187 денари може да си дозволиме да ги платиме сметките и кредити во банка и да го наполниме колку толку фрижидерот.

Статистика покажа срамен раст од 0.7% на просечната плата во јуни годинава споредбено со јуни минатата година. Во однос на мај пак ДЗС бележи од од 0,6%.

Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во има во секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%).

Пад на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и Стручни, научни и технички дејности (3.4%).

1.6% од граѓаните во јуни останале без плата.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ЈА ОДОБРИ РЕФОРМСКАТ АГЕНДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Еве колку пари ќе добие државата

ЕУ ЈА ОДОБРИ РЕФОРМСКАТ АГЕНДА ЗА МАКЕДОНИЈА: Еве колку пари ќе добие државата

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЧЕТИРИ МАРКЕТИ ГИ ДОГОВАРАЛЕ ЦЕНТЕ: Поведена е постапка против овие продажни ланци во Србија

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЦЕЛАТА ДОБИВКА ЈА РЕИНВЕСТИРАМЕ, СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ЧУДАТ КАКО ТАКА БРЗО СЕ РАЗВИВАМЕ: Сопственикот на „Актива“ раскажа зошто се толку успешни

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција - Новите промени можат да ги соборат традиционалните превозници

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОЛКУ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ „ПОТИТЕ“ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД ИЛАЈДА ЕВРА? Еве што велат бројките за 28, 37 и 45 години работа во Германија

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПЛАТИТЕ И ТРОШОЦИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА, ЌЕ СФАТИТЕ ЗОШТО Е СВЕТЛОСНИ ГОДИНИ ПРЕД НАС: Еве каков е животот таму

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ММФ? Еве какво задолжение им даде Русија на членките на БРИКС

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

ВНИМАТЕЛНО: „Рејнар“ воведува новини кои можат да ве удрат по џебот!

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ