25 Април, 2024
0.0286

O2 Иницијатива: Идниот претседател проблемот со загадувањето да го третира како безбедносен проблем

Објавено во: Македонија 12 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Еколошките здруженија и граѓански иницијативи кои се борат за сочувување на животната средина, за сопирање на проблемите со загадениот воздух и кои не им даваат „мир“ на функционерите чии надлежности се од оваа област уште во текот на кампањата за претседателските избори се ангажираа за да им стават јасно до знаење на кандидатите дека мора се обврзат дека ќе посветат внимание и на заштита на здравјето на луѓето. Без оглед на бројните протести и иницијативи во изминатиот период државните органи немаат доволно политичка волја да ги исполнат барањата на еко активистите и постојано се појавуваат нови кризи. Затоа оваа недела ќе се одржи и јавна трибина со Пендаровски, Силјановска и Река на која прашања за заштита на животната средина и здравјето на луѓето, кои се истакнуваат како безбедносен проблем, ќе поставуваат претставници на о2 иницијатива, Институтот за глобални политики и Здрава котлина. На трибината „Деградација на животната средина-Закана по национална безбедност“ ќе се постават прашања за можноста на претседателот да предложи вонредна состојба при природни непогоди, начинот на учество на АРМ во кризна состојба, дејствувањето на Советот за безбедност и итн.

Фактор: Што очекувате од идниот претседател на РСМ во областа на заштитата на животната средина во рамки на неговите ингеренции?

O2 Иницијатива: Претседателот на државaта како институција, според Устав и според одредени други конкретни закони, има ингеренции да ги штити националните интереси кои произлегуваат од највисоките темелни вредности утврдени со Уставот, а пресудни за животот и безбедноста на граѓаните, како што е заштита и унапредување на мирот и безбедноста, животот, здравјето, имотот и личната безбедност на граѓаните, и заштита и унапредување на животната средина. 

Со оглед дека се соочуваме со масовна и сеопфатна деградација и уништување на животната средина и на еколошките потенцијали, кои се дефинирани како безбедносен ризик и закана, имајќи го предвид огромниот број на човечки жртви годишно само поради аерозагадувањето (3,200 лица во 2015), нарушување на здравјето во големи размери, од идниот претседател очекуваме максимална сериозност и посветеност, давање висок приоритет и ангажирање на сите расположливи средства во решавањето на овој проблем, кој е безбедносен проблем.

Ние како граѓанска иницијатива, в недела на 14 април, во Јавна соба од 15:30-17:30, организираме трибина на оваа тема, деградација на животната средина како закана по националната безбедност, на која своето присуство го потврдија тројцата кандидати за претседател на државата. Самото нивно прифаќање да бидат дел од отворена дискусија на оваа тема, и нивната подготвеност да одговорат на наши прашања, дава почетна надеж и оптимизам.

Фактор: Дали кандидатите треба да дадат "зелена заклетва" дека навистина ќе се залагаат за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина и колку тоа ќе биде важно да се направи пред истекот на кампањата?

O2 Иницијатива: Она што ние бараме од претседателските кандидати е да дадат јасно дефинирани ставови и одговори по десетина прашања кои се од витален интерес за нас граѓаните, а се во нивни домен на ингеренции. Од нивните одговори автоматски ќе произлезе дали даваат зелена заклетва или не. Тоа ќе влијае врз одлуката на кого треба да ја дадеме нашата доверба. 

Фактор: Со високото ниво на загадување на воздухот како системски проблем, појавата на многу диви депонии, недоволен капацитет на инспекторите и нарушување на природата за лични интереси дали е потребна силна политичка волја вклучувајќи го и претседателот на државата за вистински промени?

O2 Иницијатива: Апсолутно да. Без политичка волја и вклучување на сите чинители, каде претседателот според нас има голема улога, со оглед дека е претседател на Советот за безбедност каде именува тројца членови и каде може да го постави ова прашање, и може да предложи вонредна состојба при природни непогоди, ние нема да го решиме овој огромен проблем со кој се соочуваме и кој води кон наше самоуништување. 

Според нас проблемот може да се реши само со паралелно делување во неколку нивоа.

Законодавство – корекции на постоечки закони и носење нови кои или ги ограничуваат или не ги дефинираат добро и ингеренциите, поимите и оставаат простор за неизвршување и неделување. 

Финансии – доволно средства за што поскоро решавање на проблемот со конкретни акции, а не пишани програми без јасно дефинирани рокови. Туку јасен план со строго дефинирано што, колку, како и до кога.

Максимално посветена власт и институции, тука мислиме и на Претседателот на државата, кои ако покажат дека имаат вистинска воља за функционирање на целиот овој систем, прифаќање на грешките со цел итни корекции и одговорно работење со цел резултати. 

Само на овој начин, почнувајќи од највисоките државни инстанци и вклучувајќи ги сите ресурси, спроведувајќи ги доследно законите, и вклученост на граѓаните можеме да очекуваме функционален систем кој ќе носи промени кон подобро.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг