20 Април, 2024
0.0356

О2 Иницијатива: Новиот закон е за бизнис интереси и не го решава урбаниот хаос

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Низа забелешки за новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање доставиле до институциите од О2 Иницијатива. Оттаму велат дека во предлогот има некои фрапантни решенија кои не го средуваат урбаниот хаос, туку напротив. Тврдат дека и по две години на новата власт нема подобрувања како што беше ветувано, а никнуваат згради на примамливи локации, се продава државно земјиште по багателни цени, а сето тоа се прави законски.

„Не е проблем што немаме веќе доволно зеленило, немаме воздух, туку проблем е што градежните компании кои имаа огромни профити изминатата година заради стопирање на ДУП и неможност да градат на „примамливи“ локации сега имаат намален профит.Казни, одговорности за незаконските узурпирања на јавното добро, за исчезнатите паркови и зеленила, нема. Напротив, пред неполн месец Градежната комора на Македонија во паника бара од Министерството за транспорт и врски да најде начин и да го „заобиколи“ мораториумот во Центар и укинатите ДУПови во Карпош за да продолжат со градење и бара во најбрз можен рок да се донесат новите Закони за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење со кои „ќе се реши најголемиот проблем од изминатава година блокирање на веќе донесените ДУПови, велат од О2 Иницијатва.

Според нивната анализа откако во Јули 2017 година бил укинат член од Законот кој се однесува на Урбанистичко-планска документација за градби од посебен интерес, за кои јавноста не се прашуваше, сега во новиот Предлог-Закон има нова категорија а тоа е Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење.

„Тука спаѓаат национални паркови и заштитени подрачја, минерална експлоатација (рудници, каменоломи, минерална и термална вода, итн), хидроелектрани. Сите овие катергории се едни од најпроблематичните за јавноста, која бара вклученост во носење на одлуките поврзани со нив, а не комплетна исклученост, како што е повторно предвидено без јавни презентации, без јавни анкети. Згора на се, имаме повторување на „мала“ недоречност која отвора многу можности и со која секоја одлука на Владата се покрива, а тоа е делот „и други подрачја и објекти од државно значење“, стои во известувањето.

Оттаму тврдат дека во новиот закон не постои таканаречена Стратегиска оцена која била дел од претходното решение а поради која минатата година со нивни претставки биле укинати 4 ДУПа во општина Карпош, а еден за општина Гази Баба, кој овозможува градење на тешка загадувачка индустрија, е во постапка. Прашуваат дали е ова „заборавено“ или недоречено. Велат и дека во новиот Предлог-Закон, ставен е сосема нов член, кој наоѓа решение за укинатите ДУПови од Уставен суд во Карпош и сите можни укинувања, со тоа што вели ако урбанистичките планови/нивни делови/плански одредби се укинале од надлежен орган, се започнува постапка за изработка на нова план или дел од план, а истовремено претхпдниот ДУП/УП или дел од него стапува на сила.

„Во Карпош, претходните ДУПа ќе си стапат на сила, а општината ќе може да пристапи кон изготвување на само ДЕЛ од ДУПот.Во Центар, мораториумот ќе треба да запре и да стапат на сила стопираните ДУПови, ако нема нови готови. Ова е тоа надминување на проблемите за градежниот сектор – како што им ветија на испаничените градежни моќници нашите државни институции кои по кој знае кој пат забораваат чии интереси треба да штитат, велат од О2 Иницијатива. 

Додаваат дека наместо да се работи на подобрување на законите во поглед на основните начела на кои треба да се темелат и да бидат во целосно суштински испочитувани во однос на потребите на граѓаните, во целата наша пракса начелата и темелите се само мртви букви на хартија, а потребите и барањата на граѓаните се гледа да се заобиколат во интерес на бизнис заедницата, чиј интерес се само парите.



Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ