Добивај вести на Viber
Претседателот на САД Барак Обама вети дека ќе преземе мерки за запирање на скокот на цените на студирањето во Соединетите држави.
-За последните три децении трошоците на студирање на државните универзитети пораснаа за 250 насто, додека приходите на едно просечно семејство за 16 проценти, изјави Обама во говорот пред студентите на Универзитетот во Бафало.
Според него, студент кој земал кредит по четири години на студирање има долг поголем од 26 илјади долари. Тој најави разни можности за справување со проблемот како систем на оценување на универзитетите според квалитетот на студиите и цените.
извор: Радио Слободна Европа