Обединувањето на Косово и Албанија ќе падне во вода?
Објавено во: Балкан 02 Март, 2021
Идејата за обединување на Косово и Албанија најверојатно ќе падне во вода. Уставот на Косово не дозволува обединување.
Лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти денеска изјави дека обединувањето не го дозволува Уставот на Косово. За време на неговата посета на Љеш во Албанија, тој рече дека тоа е желба на сите Албанци, но дека за такво нешто ќе биде потребно време, објави Лајми. Тој вели дека Уставот на Косово е контрадикторен.
„Еден член наведува дека Косово е независна држава, во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција“, рече Курти.
Тој кажа дека е несомнено Албанија и Косово да мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија. Екс премиерот Рамуш Харадинај ја спомена оаа идеја и се закани дека ако Косово за неколку години не напредува на патот кон ЕУ, тие ќе се обединат со Албанија.
Тој рече дека Унијата Косово-Албанија ќе има посебни парламенти, но ќе биде со еден претседател и премиер.Но, од ЕК реагираа на оваа негова изјава дека таквите идеји не носат добро на регионот.