Обид за атентат на Трамп?
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Полицијата ранила вооружен човек кој предизвикал инцидент за американскиот претседател, Доналд Трамп, во голф-клуб на Флорида.
Човекот завиен во американско знаме, влегол во хотелот во рамки на голф-клубот во сопственост на Трамп и гласно викал. По пукањето на напаѓачот, во кое никој не бил повреден, интервенирала полицијата. Напаѓачот e префрлен во блиската болница.