Објавен документ на ЦИА поврзан со смртта на Тито
Објавено во: Балкан 10 Јули, 2018
ЦИА на социјалните мрежи деновиве обелоденија документи кои од 1980 година ги чуваат во својот музеј.
Се работи за текст со наслов „Музејски артефакт на неделата – најава на ФБИС (Foreign Broadcast Information Service- интерна информативна служба на ЦИА), со кој се открива смртта на претседателот на Југославија Јосип Броз Тито“.
Работата е во тоа што над веста за смртта на Тито, како извор се наведува Радио Букурешт, од кој наводно ја земале веста на 4 мај 1980 година во 19 часот по локално време. Тоа е доказ дека грешат и најголемите затоа што оваа вест единствено можеле да ја преземат од Радио Белград, но некои од оперативците ги побркал двата главни града на двете соседни држави.
Но, американските тајни служби наводно биле уверени дека Тито не бил „вистинскиот“ Тито, а таа приказна им ја раскажал Марјан Џон Маркул во неговата канцеларија во Лос Анџелес.
Маркул тврдеше дека човекот кој тогаш се претставуваше како маршал Јосип Броз Тито всушност не е вистинскиот Тито. Тоа е руски агент кој го преземал идентитетот на Тито откако вистинскиот Јосип Броз исчезнал во Русија 1937 година, стои во белешката на ФБИ од почеток на мај 1955 година. Маријан Маркул е роден во Ливна 1909 година, а во САД се доселил 1936 година, додека државјанство добил откако две години служел во американската војска.