28 Март, 2024
0.0362

Објавен јавниот повик за јавно-приватно партнерство за Чебрен: Приватникот ќе обезбеди 570 милиони евра

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ го објави повикот за спроведување на енергетскиот проект Чебрен по принцип на јавно-приватно партнерство. Во овој случај АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер, а приватниот ќе биде познат до крајот на годината, откако ќе се избере најдобрата понуда на повикот кој завршува на 3 април.

„Чебрен беше и уште е најголемиот енергетски предизвик за земјата. АД ЕСМ како јавен партнер ќе учествува со изградба на пристапниот пат, приклучокот, трафостаницата и со наш удел од хидроцентралата Тиквеш за да функционираат заедно на истото течение. Во втората фаза, за најдобра понуда ќе се избере таа што ќе му даде што поголем удел на АД ЕСМ и со тоа што поголема добивка“, рече Васко Ковачевски, директорот на Електрани на Македонија на денешната прес-конференција.

Енергетската трансформација со изградбата на Чебрен треба да овозможи намалување на производството на јаглен. Кога ќе почне со работа, тоа ќе значи 913.000 тони помалку јаглерод диоксид испуштен во атмосферата.

„Јавниот повик важи до 3 април. Веднаш е подигната документрација од сериозни странски компании. За успехот имаме стабилна основа со членството во НАТО и извесното отпочнување на преговори со ЕУ. Чебрен е најголемиот проект во енергетиката до сега“, додаде Ковачевски.

Досега за обој проект имаше 13 јавни тендери, но ниту еден не беше успешен. Сега за прв пат се нуди јавно-приватно партнерство.


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“