24 Април, 2024
0.0272

ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ: Државата субвенционира станбени кредити, апликација во девет банки

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го објави огласот за субвенционирани станбени кредити за годинава. Граѓаните кои сакаат да аплицираат може да купат нова стан во кој државата ќе им покрива дел од месечната рата од кредитот или дел од учеството за кредитот на барателот. Има разлика во тоа колкав дел од кредитот се субвеницонира во однос на тоа колкава е возраста на тој што аплицира. Имено ако барателот е лице над 35 гдини тогаш с епокрива 50 отсто од ратата во првите 5 години, а ако има под 35 години тогаш субвеницијата изнесува 70 отсто од месечната рата и трае пет години. Кога се субвенционира учеството, за лицата над 35 години се покрива 50 отсто од учеството или најмногу 6250 евра, а а за тие кои се под оваа возраст дури 70 отсто од учеството, најмногу до 8.750 евра

Каматната стапка за кредитите во кои се субвенционира ратата изнесува 2,9 проценти за првите три години и 3,9 проценти за четвртата и петтата година.

Каматната стапка за кредитите во случај кога се покрива дел од учеството изнесува 6-месечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени за целото времетраење на отплатата на кредитот. Субвенцијата e неповратна во случај на редовна отплата на станбениот кредит, како и во случај на предвремена доброволна отплата на станбениот кредит по истекот на 10-тата година од отплатата на кредитот за овие модели. По истекот на 5-тата година од отплатата на кредитот за овие модели, корисникот на субвенциониран станбен кредит има право да изврши еднократна делумна отплата со сопствени средства, но не повеќе од 20 проценти од преостанатата главница од кредитот. 

Има субвенции из а изградба односно за купување на куќа, но и за надргадба на постојна и опциите се исто така да се плаќа дел од ратата или дел од учеството но процентите се различни.

Доколку во период од десет години од добивањето на субвенција, семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање на живородено дете или со посвојување на дете, има право на продолжување на периодот на субвенционирање во период од една година во висина од 30 отсто од месечниот ануитет за секое дете.

Субвенционирање на кредит за сите модели се одобрува за станбен кредит чиј износ не надминува 50.000 евра и рок на отплата не пократок од 20 години. Продажната цена на станбениот објект со пресметан ДДВ треба да изнесува до 900 евра за метар квадратен. Кредитобарателот ме треба да има негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар стан, односно куќа, или да има во негова сосопственост или во сосопственост на брачниот другар, дел од стан/куќа или делови од повеќе станови/куќи кои се стекнати по основ на наследство или дар, а чија вкупна вредност не надминува 30.000 евра.

Заинтересираните лица може да се пријават за добивање субвенциониран станбен кредит во Стопанска Банка, НЛБ Банка, Охридска Банка, Шпаркасе Банка, Стопанска Банка Битола, ТТК Банка, Силк Роуд Банка, ПроКредит Банк.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи