25 Април, 2024
0.0270

Објавен огласот за пречистителна постројка во Карбинци

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави огласот за јавна набавка за изведување на градежни работи за изградба на постројка за пречистување на вода за пиење во општина Карбинци преку хидросистемот Злетовица.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска заедно со градоначалникот на општина Карбинци Јордан Насев и директорот на Управата за водостопанство Славе Арсовски ја посетија локацијата кадешто ќе се гради постројката. Димковски посочи дека со приклучување на општина Карбинци на водоснабдување со сирова вода преку хидросистем Злетовица, трајно ќе се обезбеди решавање на долгогодишниот проблем  со водоснабдувањето, особено во летниот период, бидејќи досега населението од оваа општина се снабдуваше со вода за пиење преку локални бунари. 

„Повеќенаменскиот хидросистем Злетовица е од витално значење и се состои од повеќе заеднички и посебни објекти за водоснабдување, наводнување и енергетика. Основна намена на ХС Злетовица е обезбедување со вода за пиење на околу 100.000 жители во регионот и тоа од пет општини:  Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во овој момент со сирова вода од ХС Злетовица се снабдуваат само две општини Пробиштип и Свети Николе, но, наскоро ќе се приклучи и општина Карбинци бидејќи е прва општина која ја заврши постапката за изработка на комплетната техничка документација и затоа е и прва општина која ќе ги користи финансиските средства предвидени со Акциониот план за изградба на Филтер станица со капацитет од 30-40 литри/секунда“, изјави Димковски.

До овој момент, до локацијата на новата филтер станица изградена е излезна шахта на полиестерскиот цевковод DN300 со капацитет на проток на вода до 40 l/s, доведен е оптички кабел за комуникација со главниот SCADA центар во Пробиштип и изграден е далековод со кој се обезбедува електрична енергија за потребите на опремата од ХС Злетовица и пречистителната станица.


Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст