ОБЈАВЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА СТУДИИ ВО СТРАНСТВО: Има повеќе измени и нови услови

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2025 15:37
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за доделување стипендии за академската 2025/2026 година, наменети за македонските граѓани кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг-листа. Крајниот рок за аплицирање е 12 септември.
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, потсети дека оваа мерка се спроведува веќе 15 години, но годинава има одредени измени во условите за корисниците по завршувањето на студиите. Јаневска: продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии во академската 2025-2026
„Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка која, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти“, рече Јаневска.
На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.
Кандидатот треба да има соодветно претходно образование и соодветен просечен успех кој е наведен во конкурсот и да не е корисник на било каква стипендија од друг давател во моментов. За стипендистите останува обврската по стекнувањето на дипломата, да се вратат во Македонија и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето.
„Има неколку новини во конкурсот. По враќањето стипендистите треба да се пријават во МОН и за прв пат, да се регистрираат на посебен дигитален регистар (e-registar.mon.gov.mk), што го воведуваме оваа година, а кој ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата“, информираше Јаневска.
Ако пак студентот, во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од Fortune top 500 листата во странство, тогаш надвор од Македонија може да остане најмногу до три години, со цел, како што рече министерката, стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање.
„Доколку кандидатот одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што министерството му исплатило за студирање и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите. Во минатото се бараше враќање на десеткратно поголем износ, што всушност беше неприменлива договорна одредба“, додаде министерката.
Осврнувајќи се на дигиталниот регистар на стипендисти во странство, Јаневска посочи дека целта е во него да се пријават сите завршени и тековни студенти во странство кои користат стипендија од МОН, за да може државата да има увид во состојбата на секој стипендист.
Регистарот содржи податоци за студентот, видот на студиите, периодот на студирање, работен статус, контакт податоци и слично и секој ќе треба најмалку еднаш годишно да ги ажурира своите податоци доколку има било каква промена. Студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така полесно ќе се вмрежува со други студенти, со научни и образовни установи и со работодавачи.
„Веќе сме во комуникација со многу од студентите да се пријават во регистарот и бидејќи тоа може да им донесе само корист, очекувам соработка и постапување. А задоволство ми е да споделам и дека Министерството за образование и наука веќе започна соработка со неколку дипломирани студенти, кои имаат желба и со голем ентузијазам работат на развој и промоција на својата држава“, рече министерката.
Јаневска ги повика сите заинтересирани да ги погледнат условите во конкурсите и доколку ги исполнуваат, да ја искористат можноста што досега ја искористија околу 400-тини македонски граѓани, да го надградат своето знаење на реномирани светски универзитети.
фото: ФБМожеби ќе ве интересира
ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СТАБИЛНИ, НО СЕ СТРАВУВА ОД ВЛОШУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ - надлежните со детали за хоспитализираните по пожарот во Кочани

„ЖРТВИТЕ ГИ УТВРДУВААТ ОФИЦИЈАЛНИ МЕДИЦИНСКИ И ИСТРАЖНИ СЛУЖБИ“: Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинати во Кочани

ТРОЈЦА ПОЖАРНИКАРИ МЕЃУ НОВИТЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ПАЦИЕНТИ - расте бројот на згрижени по трагедијата во Кочани

„СОБРАНИ СЕ ДНК МАТЕРИЈАЛИ ЗА СПОРЕДБА“: Станков вели приоритет се обдукциите и идентификацијата за да можат роднините да ги подигнат телата

„КОГА ЌЕ РЕЧЕШ: КРАДАТ АМА ГРАДАТ, ГО ОТВАРАШ ПАТОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ“: професорката Најчевска остро 'до нас е и од нас зависи'

БЕКТЕШИ И ТРАЈКОВСКИ ДОБИЈА КРАТКОТРАЕН ПРИТВОР - судијата одреди 48 часа притвор за уште 12 други лица

„НЕМОЈТЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НАД ПАЦИЕНТИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ“: Д-р Лазаров за Вучиќ вели дека е благодарен, но апелираше да нема гужви каде што се сместени

СПЕЦИЈАЛНИТЕ КРЕВЕТИ ЗА ИЗГОРЕНИЦИ ЧИНАТ МЕЃУ 50.000 И 150.000 ЕВРА ПО ЕДИНИЦА: Колкава инвестиција е Центар за изгореници?

„КАКО СО ЕДЕН ФАЛСИФИКАТ СЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, А СО ДРУГ НА ФУНКЦИЈА?“ Професорот Калајџиев прашува
