(ОБНОВЕНО) Ново ВИДЕО од трагедијата во Будимпешта: Потрагата по исчезнатите се проширува и во Србија
Објавено во: Свет 30 Мај, 2019
Излезе ново видео
во кое се гледа како настанала несреќата на Дунав во Будимпешта. На снимката се
гледа како гигант за крстарење на реки турка помал туристички брод, кој за само
неколку секунди потонал.
Унгарската полиција соопшти дека отворила кривична истрага за потонувањето на туристичкиот брод во Дунав, при што загинаа седум јужнокорејски туристи. Исто така властите соопштија дека истрагата за исчезнатите туристи во водите на Дунав ќе се прошират до Србија, пренесуваат медиумите од регионот.
Полицијата соопшти дека капетаните на двата брода биле искусни професионалци. Од министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопштија дека туристите на брод што потонал не носеле спасувачки ремени.
Видео ATV Magyarorszag
Фото Танјуг