28 Март, 2024
0.0259

Обој го светот во портокалово: 16 дена активизам под мотото #КажиНе на насилството врз жени и девојчиња

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со портокаловото осветлување на скопската тврдина Кале, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, официјално започнува годинешната кампања со слоган „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“. Овој симболичен чин го означува почетокот на серија настани и активности, како дел од кампањата што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2020 г.

Насилството врз жените и девојчињата претставува голем општествен проблем, кој зазема сè поголеми размери во светски рамки. Имено, 45 отстоi од испитаните жени и девојчиња во Република Северна Македонија, доживеале некаква форма на насилство.

 Целта на кампањата „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“, која трае 16 дена, е да прати силна порака против насилството врз жените и девојчињата, со тоа што неколку знаменитости низ различни градови во државата ќе бидат осветлени во портокалова боја, како симбол за посветла иднина, без насилство врз жените и девојчињата. Со цел поттикнување дискусија на поширока општествена основа, кампањата ќе вклучува инсталација „Скршени предмети“ што ќе биде поставена пред Музејот на Мајка Тереза, како и неколку тематски онлајн конференции, дискусии, работилници и студентски натпревар за најдобар тематски графички дизајн. На 30 ноември, инсталацијата „Скршени предмети“ ќе биде поставена на плоштадот во Гостивар, а како дел од активностите на кампањата, на 1 декември е предвидено и осветлување во портокалова боја на Занаетчискиот дом во Куманово. Следниот ден, на 2 декември, во портокалова боја ќе биде осветлен театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, институција што широкоградо прифати да биде дел од кампањата со сопствени можности и техника. 

Поради специфичната ситуација со пандемијата на ковид-19, кампањата ќе биде спроведена во согласност со сите заштитни мерки и протоколи, а во рамките на активностите ќе се користат можности и за онлајн комуникација, со учество на високи владини претставници, како и претставници на на ОН и на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанските организации. 

Во рамките на кампањата е предвидено објавување интерактивни содржини и едукативни пораки на социјалните медиуми од повеќе поединци од различни сфери на општеството, како нивен заеднички придонес во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да менуваме! 


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери