25 Април, 2024
0.0281

Обучени 1000 наставници по математика во Штип!

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип беа обучени 1000 наставници по математика од основните училишта на Источниот регион на Македонија. Обуката се организираше на тема: „Насоки за користење на збирките задачи по математика од прво до деветто одделение и вреднување на постигнувањата на учениците“.

Обуката беше организирана од издавачката куќа „Просветно дело“ во соработка со Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и во соработка со Природно-математичкиот факултет при УКИМ Скопје.


Наставниците добија можност да слушнат за новите методи и стратегии во наставата, да започнат со користење збирки задачи по математика со поинаков концепт, со содржини кои ги продлабочуваат знаењата на учениците, понудени од страна на издавачката куќа „Просветно дело“, како и да подискутираат за тековните проблеми и предизвици со кои се соочуваат и да добијат соодветни решенија од предавачите.


Обуката се изведуваше од врвни предавачи – професори од Природно-математичкиот факултет од Скопје, Машинскиот факултет од Скопје, Факултетот за образовни науки од Штип како и од двајца советници од Бирото за развој на образованието. Наставниците имаа можност да поразговараат за проблемите со кои се соочуваат секојдневно при реализацијата на наставната програма по математика од прво до деветто одделение, а донесениот заклучок беше дека збирките задачи по математикасо новиот концепт , издадени од „Просветно дело“, претставуваат неопходна алатка и мотивација за успешна реализација на наставата со тоа што нудат неделни и тематски разработки, содржини кои ги продлабочуваат знаењата на учениците и претставуваат средство и за родителите да го контролираат знаењето на своите деца со понудените решенија на задачите.


Иницијативата за вакви обуки започна во Скопје каде што се одржаа 3 обуки, продолжи во Битола за Западниот регион каде што се одржаа 2 обуки, и шестата обука за Источниот регион заврши вчера во Штип.

Во сите шест обуки учество зедоа околу 3000 наставници по математика од републикава.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка