Обвинение за членот на полициското обезбедување на премиерот Мицкоски

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 15:04
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го обвини Ангел С., кој беше дел од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски по три месеци од неговото апсење за оддавање службена тајна на лице првично поврзанп со наркоклан.
Информацијата за БИРН за поранешниот член на обезбедувањето на Мицкоски ја потврдија од ова обвинителство, а обвинението е поднесено на 12 јуни.
Обвинетиот на 30 март годинава на паркингот пред хотел во Велес се сретнал со човек, кој сега е сведок во постапката и му покажал службени документи од МВР, што претставуваат службена тајна.
Во соопштението пишуваше дека обвинетиот му дозволил на човекот да ги снима документите, „кажувајќи му кој документ за што се однесува“. Целта била овие документи да бидат објавени на социјалните мрежи, за тоа требало да добие 50.000 евра од човекот за кого се однесувале.
Во меѓувреме притворот на Ангел С. му е продолжен до 13 јули.
Можеби ќе ве интересира
ИНФОГРАФИКА ЗА ЈАЗИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ СОЗДАДЕ БУРНА ДЕБАТА:Македонскиот јазик на удар од Грци и Бугари!

ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам
