ОБВИНИ ЗА ПРОВОКАЦИЈА: Мицотакис е незадоволен од односот на Анкара и кипарските Турци
Објавено во: Балкан 10 Септември, 2019
Турција продолжува да провоцира во својот пристап кон етнички поделениот Кипар.
Oва го тврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, според кого Турција е меѓународно изолирана.
Тој ова го изјави по средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, објави АП.
Посетата на Анастасијадес се случува еден ден откако напорите за започнување разговори за повторно обединување наидоа на пречка кога турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, изјави дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци ќе имаат паритет во владеењето на земјата пред да продолжат разговорите.
Додал дека ќе продолжи турската експлоатација на природен гас во водите во кои меѓународно признатата влада на Кипар има ексклузивни права.Грците на Кипар го одбиваат предлогот да работат на заедничко истражување со кипарските Турци. Главната причина за заладување на грчко-турските односни во текот на 20 век било кипарското прашање.