27 Септември, 2024
0.0282

ОБВИНИТЕЛКАТА РУСКОСКА ПРЕД РАЗРЕШУВАЊЕ - Комисијата утврди повреда на Законот

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Обвинителката Вилма Русковска ќе биде разрешена од својата функција, додека едната обвинителка се соочува со дисциплинска мерка, а третата е ослободена од одговорност. 

Ова го објави Основното јавно обвинителство, од каде посочуваат дека Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведената дисциплинска постапка против три јавни обвинителки и разгледување на извештајот на обвинителот-известител, донесе Решение со кое:

–  За поранешна основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е утврдено дека е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и Комисијата одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители.

–  За една јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за утврдена тешка дисциплинска повреда е изречена дисциплинска мерка – намалување на месечна плата во висина од 30 отсто од исплатената нето плата во траење од 6 месеци.

–  За една јавна обвинителка Комисијата одлучи да ја ослободи од одговорност, бидејќи не се докажа дека сторила тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

Против Решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција незадоволните страни имаат право на жалба пред Советот на јавните обвинители.​

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други