ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ОДЗЕЛО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОД 2020 ГОДИНА ПА ДО ДЕНЕСКА - во тек е предистрага

Објавено во: Македонија 16 Април, 2025 11:13
По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денеска. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансовата полиција.
- По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази - вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.
Од Обвинителството, поради предистрагата, не откриваат за колку осомничени лица станува збор, само дека се повеќе.
Претресите на осумте локации во Прилеп и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.
Од Болницата велат дека во моментот работат со деблокирана сметка, а долговите моментално се околу 100 милиони денари што е половината од затекнатата состојба пред повеќе од шест месеци.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања
