19 Април, 2024
0.0259

Обвинителството оформило предмет за ТЕ-ТО, каде закочила работата?

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство оформило предмет за случајот со стечајот на ТЕ-ТО, потврдија оттаму за Фактор. Реакцијата следувала по кривичните пријави кои Топлификација ги поднесе против менаџментот на гасната централа, но и против нотари, адвокати, извршители и сопственикот на ТТ-ТО Битар холдингс. Топлификација тврди дека процесот е воден незаконски, со пропусти, дека има сомнежи за лажирани финансиски извештаи. Сепак и покрај тоа што обвинителството го оформило предметот уште во јуни, документацијата не била целосна па исходот се уште не е познат

„Основното јавно обвинителство Скопје ја прими кривичната пријава за која покажувате интерес. Оформен е предмет, а надлежниот јавен обвинител ја разгледа пријавата и констатираше дека во неа недостигаат битни документи за утврдување на фактичката состојба. За таа цел, во јуни годинава надлежниот обвинител се обрати до Управата за финансиската полиција со барање за обезбедување на комплетната документација која се однесува на предметот. Откако ќе бидат доставени сите документи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна одлука, изјавија од ОЈО за Фактор.

Топлификација како еден од најголемите доверители во ТЕ-ТО е најгласна во реакциите поради тоа што според планот за реорганизација, и се брише 90 отсто од побарувањето од 30 милиони евра. За тоа реагираат и акционери кои тврдат дека се оштетени од овој план. Фактор вчера пишуваше дека тие испратиле реакција и до Комисијата за хартии од вредност и до Македонската берза.

Целиот тој текст овде.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите