29 Март, 2024
0.0258

Обвинителството реши за што ќе го обвини градоначалникот Стојчев

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство во Струмица денеска до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против пет лица за сторено кривично дело Криумчарење од член 278 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Заедно со обвинението до Основниот суд Струмица доставен е и предлог за продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, со оглед на тоа што јавниот обвинител ценеше дека се исполнети законските услови за нејзино продолжување.

-Обвинетите се товарат дека на 10 јули 2018 година, заеднички како соизвршители, избегнувајќи ја царинската контрола се занимавале со пренесување на непријавени стоки – цигари од значителна вредност.  По претходен меѓусебен договор, двајца од обвинетите во с. Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало 32.980 кутии цигари од марката „Калипсо“.  Заедно со уште двајца обвинети со возилата се упатиле по полскиот пат кон с. Бадилен, продолжиле кон граничниот појас помеѓу Република Македонија и Република Бугарија каде петтиот обвинет кој ги чекал, имал задача да го надгледува теренот за да извести за евентуално присуство на полицијата. При нивното пристигнување во местото Попина Чука, на два километри од границата биле откриени и фатени од полициски службеници., се вели во соопштението на ОЈО.

Како што соопшти МВР, на 10 јули околу 19 часот во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија, во близина на селото Бадилен, полицијата ги приведе градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев и уште четворица во обид за шверц на околу 3.300 штеки цигари цигари во вредност од 3.245.589 денари.

За делото за кое се товарат предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење