20 Април, 2024
0.0276

Обвинителството се уште чека документи од СВР Скопје и Министерството за здравство за разрешената директорка

Објавено во: Македонија 26 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство соопшти дека се уште ги чека потребните документи од СВР Скопје при МВР и од Министерството за здравство, иако тоа го побарало уште на 20 март, за да може во понатамошна процедура да одлучи како ќе постапува против разрешената директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за кожни болести, Нина Цаца Биљановска.

ОЈО Скопје информира дека продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на клиничкиот центар и по целосната документација и приложени докази во предистрагата,  обвинителот ќе донесе одлука за кое кривично дело ќе ја гони.

„Основното јавно обвинителство Скопје продолжува активно да постапува во предметот со поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје. Заради правилно информирање на јавноста, Основното јавно обвинителство Скопје известува дека на 19 март од страна на СВР Скопје беше поднесено писмено известување кое се однесува на поранешната директорка на ЈЗУ Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, а во поглед на предавањето кое таа го одржала пред поголема група доктори.

Кон тоа известување не беше приложена целата потребна документација, туку само писмена кои се однесуваат на тоа кога лекарката се вратила во земјава од Италија и кога и била констатирана здравствената состојба на Клиниката за инфективни болести.

Заради комплетирање на потребната документација, веднаш следниот ден, на 20 март, надлежниот јавен обвинител достави наредба до СВР Скопје, како подносител на известувањето, како и барање за доставување податоци до Министерството за здравство“, се вели во соопштението.

Од СВР Скопје и од МЗ се бара да се приложат сите релевантни докази во смисла на тоа кој ден поранешната директорка го држела предавањето, список на лица-учесници на тој семинар, дали и кои од тие лица биле заразени со коронавирусот и да се приложи писмена медицинска документација за инфицираноста, како на поранешната директорка, така и на учесниците на семинарот на кои таа им предавала.

„По поднесената наредба и барање се уште не е постапено. По доставувањето на релевантната писмена документација, доколку има потреба обвинителството ќе преземе и други истражни дејствија, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука“, велат од таму.


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите