Обвинувања за Рама дека е најкорумпиран премиер на Балканот
Објавено во: Балкан 18 Август, 2019
Љиљзим Баша објави видео порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат дека албанскиот премиер Еди Рама е најкорумпиран премиер на Балканот“.
Лидерот на најголемата албанска опозициска партија го обвинува албанскиот премиер дека „ја краде Албанија со банда олигарси“, како и за перење пари од дрога и криминал, пренесоа медиумите.
Истовремено тој тврди дека во текот на шест години владеење на Рама во Албанија не влегла ниту една странска инвестиција.
Тој порачува дека странските инвестиции се обврска за секоја земја а видео пораката ја завршува со зборовите: „Рама оди си. Албанија како Европа“.
Баша претходно најави дека обединетата албанска опозиција ќе продолжи со протести во септември.