ОЧЕКУВАЈТЕ: Фејсбук пушта криптовалута
Објавено во: Свет 24 Мај, 2019
Фејсбук ќе лансира сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во почетокот на 2020 година.
Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.
Фејсбук до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin.
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг минатиот месец разговарал со директорот на британската Централна банка, Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.
Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union, за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.