ОЧЕКУВАНО: Парламентот во Грција изгласа доверба на владата на Мицотакис
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2019
Со 158 гласа „за“ и 142 „против “ грчкиот парламент ја освои довербата на Владата на Кирјакос Мицотакис.
Мицотакис рече дека новата влада нема да ги
изневери очекувањата на народот, исто така тој вети дека се што е во негова моќ
ќе го искористи за да го подобри животот на граѓаните, пенесуваат медиумите од регионот.
Партијата Нова демократија,
предводена од Мицотакис, победи на предвремените избори во Грција на 7-ми јули.
Новата демократија освои 39,9 отсто
од гласовите, додека партијата на Алексис Кипрас освои 31,5 отсто.