13 Ноември, 2019
0.0460

ОХИС ќе се чисти со еден милион евра

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019

Владата на Република Северна Македонија на денешната 160-та редовна седница донесе Одлука за одобрување на 60.000.000 денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. 

Средствата утврдени со оваа одлука ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (UNOPS), со која Владата на Северна Македонија и Кралството Норвешка, подготвија план за „Поддршка на Кралството Норвешка и Владата на Северна Македонија за чистење на еколошкото жариште ОХИС“. 

Генерален секретаријат на Владата на денешната седница информираше за уште една успешна и целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните. 

Генералниот секретаријат, постапувајќи по заклучок на Владата, врз основа на договорот со единствениот понудувач Тrayal корпорација АД „Крушевац“ – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко“ на имотот на АД „Макпетрол“ во Скопје.

На оваа своја седница, Владата го утврди Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија. 

Со измените се создаваат услови за корекција на минималната плата за 16 отсто, односно од 12.507 денари на 14.500 денари во нето износ со исплатата на платата за декември 2019 година, што претставува зголемување за речиси 60 отсто во однос на минималната плата пред првата корекција во 2017 година. 

Владата на Република Северна Македонија го донесе новиот текст на Одлуката за давање согласност на „Програма за измени и дополнувања на Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“. 

Со предложените измени се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од Планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање на проекти во рамки на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170 – 200 компании (зависно од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување на ко-финансирање) од пристигнатите 487 апликации. 

Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е нешто над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, додека 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува за речиси 12 пати. 

Владата денеска донесе дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за да се намалат загубите на одгледувачите на овци и на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло. 

Како уште една дополнителна мерка за справување со аерозагадувањето, Владата ја разгледа и усвои Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, како предлог на Министерството за економија. 

На денешната седница е разгледан и усвоен новиот текст на Информацијата за давање согласност за користење на буџетски средства во наредни три години на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, во висина од 92.500.000 денари. 

Владата денеска го утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, и донесе одлука да биде доставен до Собранието на РСМ, со цел да се овозможи иден развој на Армијата заснован на високо квалитетни кадри, лични и професионални вредности на персоналот, висок морал и стандард, со цел создавање Армија оспособена за извршување на зададените одбранбени мисии и задачи. 

Во предлог законот се вградени проширување и допрецизирање на должностите кои се сметаат како должности во вршење на служба во Армијата, согласно потребите и барањата на НАТО, со кои се уредува дека како служба во Армијата се смета и учеството во меѓународни операции, мисии и операции на Организацијата на Северноатлантскиот договор - НАТО. Со предложените измени и дополнувања се уредува и правото на стаж на осигурување со зголемено траење за целокупниот активен воен и цивилен персонал на служба во Армијата, како и можност за стипендирање на кадри за критични специјалности за потребите на Армијата за кои има недостиг. 

Со предложените измени се продолжува времетраење на договорот кој Министерството за одбрана го склучува со професионалните војници, од три на четири години, заради обезбедување соодветна пополна на командите и единиците на Армијата, согласно потребите за менаџирање со персоналот, како и обезбедување оптимално водење во кариера за време на вршењето на служба во Армијата, со уредување на начинот на оценување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, согласно НАТО регулативите за унапредувањето на офицери и подофицери во непосредно повисок чин согласно стандардите на НАТО. 

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата за динамиката на реализација и плаќање на обврските за изградба на затворен пливачки базен во општина Охрид, и ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да предвиди затворениот пливачки базен да биде изграден заклучно со 31.12.2020 година.

Можеби ќе ве интересира

Владиниот лирџет принудно слетал на скопскиот аеродром

Владиниот лирџет принудно слетал на скопскиот аеродром

ЖИВОТОТ МУ Е ВО ОПАСНОСТ: На Боки 13 му откажал левиот бубрег

ЖИВОТОТ МУ Е ВО ОПАСНОСТ: На Боки 13 му откажал левиот бубрег

Хајко Мас: Ќе дадеме повеќе пари за зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија

Хајко Мас: Ќе дадеме повеќе пари за зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија

Мицкоски: Пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводат лица кои до сега не се нашле на нив

Мицкоски: Пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предводат лица кои до сега не се нашле на нив

ТВИТЕР КОМЕНТАРИ ПО ОДЛУКАТА: „Делото на Груевски застаре, моето од 1945 стоо“

ТВИТЕР КОМЕНТАРИ ПО ОДЛУКАТА: „Делото на Груевски застаре, моето од 1945 стоо“

СВЕДОК ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ: Возачите на „Дурмо турс“ со години манипулирале со уредите за брзината

СВЕДОК ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ: Возачите на „Дурмо турс“ со години манипулирале со уредите за брзината

Потпретседателот на Собранието протестира пред својата зграда за неизградба на барокна гаража

Потпретседателот на Собранието протестира пред својата зграда за неизградба на барокна гаража

Никола Груевски ослободен од кривична одговорност за „Траекторија“

Никола Груевски ослободен од кривична одговорност за „Траекторија“

ДЕТАЛИТЕ ПОЗНАТИ- судијката Васка Николовска-Масевска ќе им суди на Боки13 и на Јанева

ДЕТАЛИТЕ ПОЗНАТИ- судијката Васка Николовска-Масевска ќе им суди на Боки13 и на Јанева