28 Март, 2024
0.1658

Од Балканскиот претприемачки самит испратени пораки до младите кои сакаат да почнат свој бизнис

Објавено во: Економија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Младите да не бараат работа во администрација, туку да го живеат својот сон и да почнат сопствен бизнис. На отворањето на Балканскиот претпримачки самит, власта ги повика младите луѓе да останат во земјава и тука да ги реализираат своите бизнис идеи.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање пред младите претпримачи најави дека како во изминатите години, така и годинава ќе има доволно пари за поддршка на младите со претприемачки дух. Им порача да имаат храброст и страст да развијат сопствен бизнис во земјава.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска говореше на панел дискусија посветена на „Недостатокот на квалитетна работна сила и за иновациите во индустриите“, на Балканскиот претприемачки самит што се одржува во Скопје. -Младите се иднината на државата и токму секој од нас е должен да вложува во нив, во нивно обрзование, во услови за напредок и да создава политики коишто ќе дадат силни ефекти врз намалувањето на невработеноста и иселувањето, рече Царовска.

Овие два дена во Скопје се одржува Балканскиот претприемачки самит на кој присуствуваат над 250 млади претпримачи од повеќе земји. Тие ќе ги слушнат искуствата на светски познати претпримачи од Франција, Грција, Индија,  кои ќе се обратат на Самитот.

Панелисти ќе бидат истакнати претприемачи како Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп со нето вредност над 500 милиони долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобален директор на дигитален маркетинг на Диор, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум вентурес и како и многу други истакнати претприемачи.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“