ОД ЦРКОВЕН ХОР ДО НАСТАП НА „ЕВРОСОНГ“: Која е Валери Димовска?
Објавено во: Стил 27 Април, 2018
Со членовите на „Ај Кју“ не се познавав, меѓутоа соработувам со Дарко Димитров, снимам придружни вокали на некои од песните што тој ги прави. Така, еден ден додека работевме во студио ми предложи да бидам дел од евровизиската приказна. Се разбира дека веднаш прифатив - изјави младата пејачка
Одлично пее, атрактивна е и веќе ѝ прогнозираат блескава кариера. Валери Димовска е дел од годинашниот македонски евровизиски тим. Заедно со Антонија Гиговска и Дина Јашари ќе патува во Лисабон, Португалија како придружен вокал.
- Со членовите на „Ај Кју“ не се познавав, меѓутоа соработувам со Дарко Димитров, снимам придружни вокали на некои од песните што тој ги прави. Така, еден ден додека работевме во студио ми предложи да бидам дел од евровизиската приказна. Се рзбира дека веднаш прифатив. Песната ми се допаѓа и искрено се надевам дека повеќе ќе успееме од претходната година – изјави младата пејачка.