29 Март, 2024
0.0249

ОД ДЕНЕСКА НЕМА ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН - српската Влада ги повикува граѓаните прво да се регистрираат

Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Терминот за вакцинација граѓаните на Србија че го добијат само откако ќе се регистрираат на порталот за е-Влада или ќе се јават во контакт центарот.

Како што е наведено во соопштението од Владата до српските граѓани, нема потреба, ниту е во интерес на јавното здравство да се создаваат редици и толпи граѓани кои немаат закажано термин, бидејќи сите граѓани ќе ја примат вакцината во согласност со планот за приоритет.

Оваа одлука е донесена затоа што секој ден се зголемува бројот на граѓани кои не се пријавиле за вакцинација, а доаѓаат пред пунктови или здравствени установи за да се вакцинираат.

Од граѓаните се бара да ги почитуваат процедурите за аплицирање и самата вакцинација, бидејќи тоа е најдобриот начин секој да ја добие својата вакцина, според утврдените приоритети.

Затоа, Владата на Србија уште еднаш ги поканува сите граѓани да дојдат на вакцинација исклучиво во времето кога им е закажано.

„Изразувањето интерес за вакцинација, по што ќе добиете време и место за вакцинирање во блиска иднина, трае неколку минути и е многу едноставно“, велат во Владата на Србија.

Сите граѓани можат да го сторат тоа на сајтот кој го објави српската Влада - www.imunizacija.euprava.gov.rs.

Доколку лицето кое е заинтересирано за вакцинација нема компјутер, може да аплицира и по телефон, преку контакт центарот на телефонскиот број 0800 222 334, секој ден од 8 до 20 часот.

Владата ги потсетува сите граѓани на Србија дека, без оглед на фактот дека вакцината пристигна во нивната земја и дека во моментов се меѓу водечките земји во светот според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, епидемијата во никој случај не значи дека си заминала.

Извор. Б92

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?