24 Април, 2024
0.0252

Од денеска започнува расправата за Предлог-буџетот, опозицијата со 528 амандмани

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска почнува собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година. Документот треба да биде изгалсан до крајот на годината - а со проекциите кои ги има треба да се обезбедат услови за функционирање на државата во една неизвесна година, но година која се очекува да е време и за закрепнување на домашната економија. Очекувањата  се дека ефектите од рестриктивните мерки поради пандемијата во следната година ќе ослабнат и се очекува растот на економијата да достигне 4,1 отсто и 4,6 отсто во 2022 година.

Опозицијата во Собранието достави 528 амандмани за Буџетот за 2021 година, чија расправа започнува од денеска на комисиската седница и ќе трае во следните десет дена. Од ВМРО-ДПМНЕ поднесени се 390, додека останатите се од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Во услови на кризна претходница – во 2021 година се очекуваат поголеми приходи, ама на расходната страна ќе има намалување на вкупните пари за 2,1 процент. Или в година државата ќе потроши 4,025 милијарди евра. Фактор веќе анализираше дека од сите расходи најглемо намалување имаат трансферите и субвенциите, но секако сумата за стоките и услугите не оди надолу, туку напротив. Државата ќе ги зголеми трошоците за стоки и услуги следната година и тоа за дури 18,6 проценти повеќе од годинава. Во образложението се наведува дека за тоа има клучни потреби, а кои значат и кратење на непродуктивните трошења.

„Расходите за стоки и услуги се проектирани на ниво од 21,3 милијарди денари, со што ќе се обезбеди редовно и непречено подмирување на обврските на буџетските корисници со сведување на минимум на сите помалку продуктивни трошења од Буџетот, обезбедување на средства за здравствена заштита на населението, спроведување на локалните избори и пописот во 2021 година, како и исполнување на НАТО стандардите, стои во буџетот.

Буџетските приходи се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. 

Планиран е буџетски минус од 34,9 милијарди денари (567 милиони евра), а државата следната година ќе треба да врати надворешен долг во вкупен износ од 37,2 милијарди денари додека домашен долг кој стасал за враќање изнесува 6,1 милијарди денари.

Во фокусот на овој буџет се заздравување на економијата, забрзан раст, заштита на здравјето на граѓаните, на работните места, на стопанството, кратење на неприоритетните трошоци и подобра реализација на капиталните расходи.

Во буџетот за догодина проектиран е буџетски дефицит од 567 милиони евра или 4,9 отсто од БДП. За враќање по однос на позајмени пари надвор мора да се обезбедат 37,2 милијарди денари (604 милиони евра), додека на домашните банки и други клиенти дома кои купувале државни обврзници Владата мора да им врати 6,1 милијарди денари ( над 100 милиони евра) или заедно над 700 милиони евра.

За сите тие Владата планира повторно да позајми дома 23 милијарди денари (374 милиони евра). Владата преферира да се задолжува на ваков начин поради ниските камати. 



Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата