ОД ЕСЕН СПУТНИК V ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА И ВО ТУРЦИЈА: Вакцината дава 98 проценти заштита од ковид по втората доза
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2021
Кон крајот на
април турската фармацевтска компанија Вискоран објави дека ќе ја произведува руската
вакцина Спутник во своите погони,
откако неколку месеци претходно Русија и Турција го потпишаа договорот за
набавка и заедничко производство на руската вакцина. Според професорот Исмаил Балак, производството
на Спутник V ќе оичне од
есен.
– Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји. Постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални и овозможуваат вакцината да се произведува под сите безбедносни услови, изјави професорот д-р Исмаил Балак.
Тој информира и дека нивните клинички истражувања покажуваат дека по целосна вакцинација со Спутник V, односно по примени две дози, лицата се заштитени 97,6 проценти од ковид-19.