Од грчката Влада задоволни и горди за она што го постигнале
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
Портпаролот на Владата на Грција и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопоулос во интервју за грчката телевизија ЕРТ вели дека станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години.
Тој додава дека тие како Влада се задоволни и горди за она што го постигнале.
„Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или изразуваат спротивставеност, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја“- рече Ѕанакопулос.
Рече дека вчера е направен многу важен чекор за стабилизација на поширокиот регион на Балканот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос во интервјуто се осврна на придобивките за Грција од постигнатиот договор, во однос на ерга омнес името, уставната ревизија и отстранувањето на иредентизмот.