Од Гренланд се одвоија десет милијарди тони мраз - што се очекува сега?
Објавено во: Свет 11 Јули, 2018
Огромна санта мраз, долга 6 километри и тешка 10 милијарди тони, минатиот месец се одвои на Гренланд и заврши во океанот
Мразот со големина на њујоршки Менхетн се кршел половина час, при што прво почнале да се одвојуваат парчиња мраз, а потоа и подебел дел кој се кревал над површината на морето, а потоа паднал во водата. Така во морето завршиле 10 милијарди тони мраз.
Но, ова е само три отсто од вкупното количество кое Гренланд го губи годишно.
Како изгледаше ова може да видите во снимката направена од Денис Холанд од Центарот за набљудување на промените на нивото на светските мориња.