19 Април, 2024
0.1273

Од каде потекнува името Велигден?

Објавено во: Стил 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Енциклопедијата Британика има графика на која се прикажани сите елементи на празнувањето на  Велигден. Таа содржи изглед на свеќи, положба за медитација додека трае постот, потеклото на името Велигден, симболи на празникот и слично. 

Велигден – “Христос Воскресе”

Со овие зборови го поздравила Марија Магдалена царот Тиберие, која по Христовото воскресение, патувајќи и благословувајќи го Христа, допатувала до Рим.Давајќи му црвено јајце таа му рекла “Христос Воскресе”, обвинувајќи го Пиката за неговата неправедна осуда на Исус. Празникот на Христовото воскресение во велигденските песни се нарекува “Празник на празниците”. Првите христијани секоја недела го прославувале воскресението, но од крајот на првиот век се појавило годишно одбележување на Христовата смрт и воскресението кое добило име “пасха”. Обичаите кои европскиот народ го поврзуваат со Велигден, потекнуваат од прехристијанските времиња. Меѓу тие обичаи е и шарењето на јајцата.

Најважен црковен празник

Велигден е еден од најважните црковни празници. Се празнува три дена – недела, понеделник и вторник. По црковната служба почнувала празничната веселба. Луѓето се собирале во групи, пееле, играле, се маскирале. Посебно големо значење и се давало на велигденската трпеза, иако не била толку богата како Божиќната. Гозбата се почнувала со поскура или со јајце или со сирење или мешано (вино, јајца, леб, коприва, цвет од дрен). Во секој случај задолжително на масата се наоѓале јајцата, како што било обичај да се пече ритуално лепче од пресно или од кисело тесто – велигкденик.

За да се заштити семејството од зли сили, жените што го замесувале тестото си ставале гранче од босилок зад увото. Многу обичаи биле поврзани со боењето на јајцата. Насекаде бил раширен обичајот да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот во текот на празникот. Децата измислувале разни игри со јајца, се чукале со нив, фрлале парички на јајцата и слично.

Во велигденските обичаи се забележуваат и елементи на култот на предците – првиот или вториот ден по Велигден, жените одат на гробовите на своите блиски , носат јадења приготвени за Велигден , црвени јајца…
Во разнични делови на светот има разни обичаи за Велигден, но едно е исто за сите Христијани – боење на јајца, свечено украсени куќи и празнично обедување.

Црвената боја – симбол на света крв По тржествената богослужба , луѓето држат во своите раце црвено вапцани јајца. Кршејќи ги меѓусебно јајцата изговараат “Христос Воскресе” а на оваа реплика се одговара “Навистина Воскресе”. Внатрешноста на црвеното јајце го претставува Христос, а неговата душа го претставува гробот во кој е положен. Црвената боја, пак, ја претставува Христовата света пролеана крв.

Јајцето – симбол на животот

На Велигден му претходи подолг подготвителен период од седум седмици. Тоа е времето на велигденски пост. Се се готви за Велигден, се чисти куќата. Најважна работа во четвртокот и во саботата било боењето на јајцата. Вапцаните јајца се јаделе не само на Велигден туку и потоа се до Света Троица. Се верува дека јајцата кои се вапцуваат во четвртокот пред Велигден долго траат. Јајцето претставувало симбол и извор на плодородноста. Исто така јајцето симболизира жртва , принос, молитва кон Бога. На Велигденските јајца им се припишувале својства на амајлија, за што сведочат и нивните називи: чувар, стражар. Се верувало дека вапцаните јајца ги штитат домот и семејството од болести и од зло и затоа првото јајце што ќе се вапцало се чувало дома цела година. Се чувала и водата, во која што се боеле јајцата и таа се сметала за лековита. Велипеток и Велјасабота се денови непосредно пред Велигден. На Велипеток се држел строг пост. Тој ден се изведувало ритуално хранење на домашните птици и на свињите. На Велјасабота жените готвеле и се спремале за празникот. Се сметало дека ако тој ден се измиеш со вода во која има вапцано јајце, ќе бидеш здрав и жив.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган