24 Април, 2024
0.0267

Од која трговија на мало во Македонија се прават милиони евра?

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Трговијата на мало со моторни горива и мазива е бизнис во кој се прави приход и до десет милиони евра, а остануваат профити кои знаат да надминат половина милион евра. Нели без горивата не се може. Мали трговски фирми или бензински пумпи има низ повеќе градови во земјава. Тие се во сенка на „Макпетрол“, „Лукоил“, „Пуцко Петрол“, „Црна река петрол“ , но сепак и на мало прават големи пари. Кои се тие?

Од малите трговци со моторни горива најголем и најпознат е скопски „Макоил“. Фирмата на Мите Јовановски во 2018 година остварила приход од продажба во износ од 10,2 милиони евра, а добивката на крајот на годината изнесувала 1,3 милиони евра.

Охридската компанија Моби Петрол сопственост на Љупчо Којчиноски во 2018 година остварила приход од продажба во износ од 9,94 милиони евра и добивка од 531.000 евра.

Од валандовското село Јосифово доаѓа малата трговска нафтена компанија Виена Петрол сопственост на Аслан Туша. Таа фирма во 2018 година остварила приход од 9,6 милиони евра и профит од 578.000 евра.

Скопски Интер ОИЛ , сопственост на Соња Јаќимовска и на Страшко Јакимовски остварила добивка од 430.000 евра од приходот кој во 2018 година изнесувал 9,1 милиони евра.

Кумановски Мак Бенз сопственост на Виктор Ангеловски остварил приход од 6,95 милиони евра и добивка од 481.000 евра.

Кавадаречката малопродажба нафтена компанија Гала во 2018 година остварила приход од 5,9 милиони евра и профит од 356.000 евра. Ова е семејна фирма на Гордана и Сашко Колеви.

Струшкото друштво КМР Петрол во 2018 година остварило приход од малопродажба на моторни горива во износ од 5,6 милиони евра и добивка од 373.000 евра.

Најмалите три компании меѓу малите трговци со моторни горива се од Куманово, Кочани и од Битола. Кумановски Твинс Интернационал сопственост на Марјан Давидовиќ во 2018 година остварила приход од 4,4 милиони евра и добивка од 392.000 евра.

Еко Оил од Кочани, сопственост на локалниот бизнисмен Мирче Здравков остварила профит од 300.000 евра од приходот кој во 2018 година изнесувал 2,5 милиони евра.

Најуспешна компанија за малопродажба на моторни горива е најмалата во оваа конкуренција. Тоа е битолската компанија Пелагонија Петрол. Ова друштво во 2018 година остварило профит од 1,3 милиони евра што претставува 55 отсто од приходот што го остварило таа година кој изнесувал 2,4 милиони евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава