Од лични причини новинарката Душица Мрѓа ќе паузира од емисијата 24 Анализа
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2021
Познатата и долгогодишна новинарка Душица Мрѓа најави преку фејсбук дека ќе паузира од својата емисија, која на телевизијата 24 оди секој четврток, од исклучиво лични причини.
„Почитувани гледачи,почитувани соработници,почитувани колеги,сакам да Ве известам дека извесен период, поради исклучиво лични причини, ќе паузирам од 24 Анализа. Сакам од срце да се заблагодарам за досегашната доверба на гледачите,на поддржувачите и на критичарите.
Вие сте мојата сила. Им благодарам и на соработниците и на колегите. Но,особено сакам да се заблагодарам на сопственичкиот и на менаџерскиот тим на ТВ 24 за сета помош,разбирање и поддршка.
Се надевам и посакувам што побргу да Ви посакам добровечер и добредојде од "моето" студио, во "мојата" 24 Анализа, дотогаш мојот четврток има достојна замена.