28 Март, 2024
0.0322

Од мал семеен бизнис до интернационална корпорација

Алекса Шапоњиќ од Нелт Група на самитот „Македонија 2025“

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Домашни, регионални и странски експерти од областа на бизнисот, економијата, претприемништвото, лидерството, иновациите и технологиите учествуваат на 8. самит „Македонија 2025“ кој од 13 до 15 ноември се одржува во Скопје.

Во рамки на самитот денеска беше одржана панел дискусија на тема „Културата во семејните бизниси: сопственци и сите други“ на која учествуваше Алекса Шапоњиќ, член на сопственичкиот одбор на Нелт Група.

Нелт е компанија чии искуства беа навистина значајни во рамки на дискусијата со оглед на фактот дека во моментов има распространети деловни активности во 11 земји и вработува над 4000 луѓе.

-  По 25 години работење компанијата влезе во фаза кога идентификувавме дека ни е потребна трансформација заради интензивниот раст и дигитализацијата. Целта на трансформацијата беше да ги идентификуваме можните проблеми во културата и да работиме на нив со цел да останеме здрава организација – истакна Шапоњиќ

На панелот беа отворени прашањата за важноста пораките да стигнат до сите вработени, важноста сите да се инволвирани во визијата и да ги сметаат за свои вредностите на компанијата. Искуството на Нелт покажало дека кога станува збор за организациската култура кај семејните бизниси клучно е самите основачи да бидат двигатели на трансформативните процеси, а притоа да ги согледаат и разберат потребите на секој поединец кој е дел од компанискиот тим.

-  Резултатите од нашите трансформациски заложби – рече Шапоњиќ – се извонредни. Имаме 15 процентен раст на перформансот, за 20% е поголема вклученоста на поединците во широката визија на команијата и среќни сме што воведовме еден лидерски систем кој подразбира поддршка и мотивација. Како тоа го измеривме? Направивме 130 работилници за вработените на кои им овозможивме да си го препознаат своето место во трансформацијата и од нив да добиеме feedback.

 Нелт Група е компанија основана во 1992 година во Србија за до денес да прерасне во интернационален гигант. Нелт Македонија вработува над 250 луѓе во три локациски центри кои секојдневно остваруваат успешна деловна активност како дел од системот Нелт Група.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија