Од минималец не се живее, едвај се преживува – граѓаните бараат повисоки плати

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2022 07:10
Дека од минималец не се живее, туку само се преживува, велат граѓаните и сметаат дека минималната плата мора да се покачи што поскоро.
Посебно во малите места во внатрешноста, многу работници земаат минималец, и велат дека да не им помагаат пензионерите за пополнување на домашниот буџет, нема да можат да врзат крај со крај. Oбјаснуваат дека дури и да скокне минималецот на 18.000 денари, народот и натаму ќе биде сиромашен затоа што сѐ е поскапено.
„Во фабриките, продавниците, и на многу други места работниците примаат минималец. Ситуацијата е катастрофална. Не може да ви стигнат 15.000 денари кога само сметките се 7.000 или 8.000 денари. Луѓето се жалат, разочарани се. И веднаш да ја покачат минималната плата на 18.000 денари, народот пак ќе биде во многу лоша состојба“, вели Зоран П., жител на Берово.
Граѓаните наведуваат дека поскапеа струјата, храната, превозот, а платите стојат во место, и бараат надлежните да покажат повисока свест и одговорност.
„Ако земате 15.000 денари плата, треба да додадете уште 500 денари и да си ја платите сметката за струја и затоа сите сакаат да бегаат од овде. Ќе нема кој да работи во Дебар. Луѓето се задолжени со кредити, или пак живеат така што им помагаат роднините од странство. Сѐ е поскапено, така што и 30.000 денари ќе бидат малку за живот“, смета Фисник К. од Дебар.
Се жалат и кратовчани. Велат и да работите за плата, и да водите бизнис, градот е мртов и е многу тешко за опстанок. Лошата економска ситуација не е од денес, туку исто е со години.
„Луѓето опстануваат живеејќи во заедница, така што помагаат и пензионерите. Сите се жалат, но нема што да се прави, криза е“, вели Љубица Николова, жителка на овој град.
Синоќа не е постигнат договор за зголемување на минималната плата. Се преговараше со часови. Разговорите продолжуваат во петок. Од ССМ им порачаа на работодавачите да размислат добро и да не купуваат време. Бараат минималецот да се зголеми на 18.000 денари.
Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата Левица е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10 овој месец.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
