25 Април, 2024
0.1192

Од Министерство за економија префрлаат: Владата треба да потпишува за ГА-МА

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за економија смета дека со разрешување на долгогодишните спорови со предложената спогодба, постапката за сертификација на операторот на  системот за пренос на природен гас би се спровела непречено. Ова е одговорот од Министерството за економија на прашањата кои Фактор ги испрати во понеделникот за тоа кога ќе се потпише спогодбата со „Макпетрол“ за откуп на акциите во ГА-МА. Во одговорот стои и дека спогодбта е испратена во Владата, со што Министерството сугерира дека конечниот збор е на Владата. Од кабинетот на Крешник Бектеши информираат за тоа како се стаса до конечната верзија на спогодбта, нешто што веќе е познато, но нема конкретни одговори на прашањата, дали поради тоа што се пробиени роковите државата може да плаќа и пенали кои ќе произлезат од Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет кој е инкорпориран во законот и усогласен со Енергетската заедница.

„Од страна на Центарот за решавање на спорови при Секретаријатот на енергетската заедница е изготвен и до Владата на Република Северна Македонија е испратен текстот на предметната Предлог спогодба за регулирање на меѓусебните односи помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје, која е постигната во процесот на преговори со медијација. Имајќи го предвид горенаведеното, Министерството за економија смета дека со разрешување на долгогодишните спорови со предложената спогодба, постапката за сертификација на операторот на  системот за пренос на природен гас би се спровела непречено, стои во одговорот од Министерство за економија.

Фактор достави прашања и до Владата но одговори оттаму уште не добивме.

Вчера објавивме дека регулирањето на односите меѓу „Макпетрол“ и Владата кое се сметаше за завршена работа по завршувањето на медијацијата може да извиси. Иако Владата уште лани префрли 32 милиони евра на сметка на Национални енергетски ресурси (НЕР) спогодбата не е потпишана. Од „Макпетрол“ за Фактор изјавија дека ги донеле сите потребни одлуки, но дека се чека на Владата.

Како што пишувавме според наши информации првичната идеја била за потпишувањето на спогодбта да се донесе само владина одлука, потоа тоа се променило во барање за донесување на Закон и сега не се знае што е последно. Но кога ќе се одблокира процесот и зошто се кочи нема одговор? 

Дополнително работите се проблематизираат поради фактот дека сега функционира техничката Влада, променети се премиерот и вицепремиерот за економски прашања кои беа директно вклучени во преговорите, а Парламентот ќе работи само до 11 февруари. Ова значи дека доколку Владата сеуште го застапува правецот за донесување на Закон или склучувањето на спогодбата да оди преку Собранието, невозможно е потпишувањето на спогодбата да се случи пред предвремените парламентарни избори.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија