Од ММФ кажаа кога ќе паднат цените на енергијата
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021
Главниот економист на ММФ, Гита Гопинат вели дека цените на енергијата треба да паднат на почетокот на 2022 година.
„Откако ќе завршат зимските месеци, ќе бидеме во подобра позиција. Очекуваме тие да се вратат надолу“, додаде Гопинат.
Тие треба да паднат до крајот на првиот квартал следната година и во вториот квартал.
Во светот веќе има недостиг на енергија. Министерството за енергетика во Индија објави дека е издадена наредба до најголемите производители на електрична енергија во земјата, државната компанија НТПЦ и корпорацијата Дамодарска долина (ДВЦ) да ја испорачаат целата електрична енергија што ја имаат на располагање поради потенцијален недостиг. Овој потег доаѓа откако премиерот на градот Делхи, Арвинд Кеџривал предупреди во саботата за потенцијална криза со електрична енергија во главниот град на Индија, поради недостиг на јаглен, што веќе предизвика ограничувања на електричната енергија во некои источни и северни земји во земјата.