22 Април, 2018
0.0749

Од МВР се бара 400 полициски приправници да бидат распоредени на позицијата полицаец

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Независниот полициски синдикат бара од министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу итно да бидат распоредени 400 полициски приправници на позицијата „полицаец“.

Претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев Тодев, на прес-конференција изјави дека 400 полициски приправници кои успешно ја поминале обуката за полицајци и добиле решение за приправнци од Министерството за внатрешни работи, наместо за полна плата од околу 24.000 денари, работат за плата од 11.200 денари, затоа што не се прераспроедени на позициите, согласно Правилникот за систематизација на Бирото за јавна безбедност.

„Го замолувам министерот за внатрешни работи ова да го сфати како сериозна порака лично од моја страна и од Независниот полициски синдикат“ – вели Тодев. 

Тодев додава  дека на 20 мај истекува рокот во кој Министерството за вантрешни работи треба да ги да ги изготват решенијата за полицајци.

Тој вели дека на средбата со претставници на МВР им било кажано дека во услови на политичка криза, ресорниот министер има само технички овластувања и нема можност да ги потпише решенијата. 

Тодев се пожали дека полицајците немаат вода за пиење во караулите во Танушевци и Гошинце и се снаоѓаат сами, полнејќи вода од селски чешми. Причината, како што рече тој, е тендерот кој очигледно или е запрен, или не е распишан.

Колегите го прашувале Тодев дали има можност Министерството да се заложи за нови тендери и да се стави крај на овој проблем. 

Тодев посочи дека ќе почекаат да се реши проблемот, во спротивно најавија дека ќе побараат анализа на водата од санитарната инспекција.

Можеби ќе ве интересира

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија