27 Октомври, 2020
0.0231

ОД НОЌЕСКА ПОСКАПИ ГОРИВА - бензините одат нагоре за два денари, дизелот за половина денар

Објавено во: Економија 21 Септември, 2020

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,50 ден/лит

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.

„Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопиранопроизводството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од 22.9.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  60,50(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  62,50(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  49,50(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  49,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС      25,311(денари/килограм)

Воизминатиот седумдневен периодситереферентните цени на светските берзиво просек бележат зголемување и тоа: на бензинот за 4,663%,на дизелотза 3,692%,на екстра лесното масло за2,769%, ина мазутот за5,388% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокза 0,297%. 

Можеби ќе ве интересира

БЕГ: Можни се редукции во испораката на парно, но нема да има значајно намалување на температурата во објектите

БЕГ: Можни се редукции во испораката на парно, но нема да има значајно намалување на температурата во објектите

Пензии од денеска во групи

Пензии од денеска во групи

Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор

Менаџерски промени во Триглав осигурување Живот - Вилма Учета Дузлевска нов Генерален Директор

Јани Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта

Јани Макрадули кандидат за нов директор на Македонска пошта

Од кај нас ќе си купат куп пива и шетаат по паркови, групирање има и по бензински и пекарници - УГОСТИТЕЛИТЕ ЛУТИ НА ВЛАДАТА

Од кај нас ќе си купат куп пива и шетаат по паркови, групирање има и по бензински и пекарници - УГОСТИТЕЛИТЕ ЛУТИ НА ВЛАДАТА

Сопственикот на странскиот инвеститор „Саген“ вмешан во тежок скандал во Албанија

Сопственикот на странскиот инвеститор „Саген“ вмешан во тежок скандал во Албанија

Кој на своите бензиски пумпи направи профит од 2,3 милиони евра за три месеци?

Кој на своите бензиски пумпи направи профит од 2,3 милиони евра за три месеци?

Бизнисменот Кирил Лазаров регистрира три нови компании за еден ден

Бизнисменот Кирил Лазаров регистрира три нови компании за еден ден

Бесими: Раст од 4% догодина и среднорочна рамка за предлог-буџетот за 2021

Бесими: Раст од 4% догодина и среднорочна рамка за предлог-буџетот за 2021