Од полноќ Албанија ги затвора границите
Објавено во: Балкан 15 Март, 2020
Албанија ги затвора границите со соседните држави.
Премиерот Еди Рама, најави дека копнената граница на Албанија ќе биде целосно затворена поради коронавирусот, освен за транспорт на стока.
„Од недела 15 март од полноќ, забранет е влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници кои патуваат со автобус, комбе или автомобил. Земјишната граница на Албанија ќе остане отворена само за транспорт на стоки“, напиша Рама на социјалните медиуми.
Toj вели дека мерката не е воведена поради страв, туку станува збор за претпазливост.